Приведен 18-годишник, осомничен за кражба на накит од 70-годишна жена во Скопје
- Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д. И. од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит.
- За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање, СВР Скопје ќе поднесат пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ по член 236 став 3 од Кривичниот законик.