Претрес во валандовско, пронајдена ловечка пушка, приведено едно лице
- во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И. Л. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола.
- За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Од МВР информираат дека на 11 август во 18:45 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода 37-годишниот И. Л. При претресот, извршен со судска наредба, во неговиот дом била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, за која лицето не поседувало дозвола.