Полицијата влезе во напуштен подрум во Аеродром, откриена голема количина дрога
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога.
- Пронајдени се бела грутчеста материја, халуциногени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги, информира МВР.
- Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.