Поведена истрага за убиство при семејно насилство во Битола
- Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.
- Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца.
- Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала.
Извори
-
ОЈО со детали за фемицидот во Битола: Ја избодел до смрт додека спиела, имале 4 малолетни деца
Извор: kurir.mk
-
Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
Извор: press24.mk
-
Поведена истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Му родила четири деца, а ја избол 10 пати додека спиела
Извор: republika.mk