Палел сува трева на нива, па избувнал пожар: Сопственикот заврши во болница со изгореници, автомобилот пеплосан
- Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека М. С. ја чистел нивата со палење на сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил возилото, соопшти СВР Тетово.
- Од пожарот целосно е изгорено патничкото возило, како и површина со сува трева, а М. С. при обид да го изгаси огнот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.