ОЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство
- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор.
- Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање.
- Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци е насилна.