МВР: Изминатите три дена 1 699 сообраќајни прекршоци, приведени 60 лица за безобѕирно управување на возило
- Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 10 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци.
- Оттаму додаваат дека според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен викенд евидентирани се 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол.