Масовна тепачка во Кичево: Деветмина уапсени, се тепале со ножеви и дрвени предмети
- Утрово во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д. А. Џ. Џ. Р. М. М. Х. Х. Х. Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица.
- По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.