Малолетници нападнале, соблекле и снимале прваче во соблекувална на училишна спортска сала во Кочани
- во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете.
- Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа.