Малолетник објавил дека сака да се самоубие, полицијата спречи голема трагедија
- Од МВР потенцираат дека навремената реакција може да спаси човечки живот и нагласуваат дека ќе продолжат со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор.
- Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.