Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
- Според државната новинска агенција АНА-МПА, преку европската потерница италијанските власти бараат екстрадирање на 46-годишниот со цел да ја издржи казната што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин, а делото наводно било извршено во 2007 година, кога дрогата преку Шпанија стигнала до Неапол.
- При влез во Грција, на граничниот премин Евзони, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кој италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога во 2007 година, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
- Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, за да се спроведе потерницата и да започнат постапките за негово екстрадирање во Италија.
Извори
-
Македонски државјанин баран со европска потерница од италијанските власти уапсен на „Евзони“
Извор: republika.mk
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран со европска потерница од италијанските власти
Извор: nezavisen.mk
-
Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
Извор: kurir.mk
-
Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
Извор: press24.mk
Повеќе статии
5 извори
3 извори
9 извори