DAY.MK

обновено 11:36, 17.03.2026

Македонец уапсен во Грција, со мотоцикл возел 223 километри на час

пред 2 часа 3 извори
Македонец уапсен во Грција, со мотоцикл возел 223 километри на час

Кратко

  • Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.
  • Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.
  • Уапсениот, 49-годишен македонски државјанин , бил запрен на автопатот Солун-Евзони , кој води кон граничниот премин со Северна Македонија.

Повеќе статии