Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
- Единаесет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, при што најголем дел од нив управувале возила без положен возачки испит, а дел биле затекнати под дејство на алкохол или при значително пречекорување на дозволената брзина.
- Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.