„Купив 10 литри бензин, ќе ја запалам куќата“: Насилник пуштен со условна казна повторно ја претепал сопругата
- Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди – повеќе крвни подливи.
- Како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата сопруга по претходна вербална расправија во домот околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената.