Кривична против скопјанец: на Фејсбук објавувал епизоди од серија за кои немал авторски права
- Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.
- Имено, пријавениот Ј. К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор.