Кривична пријава за судски полицаец од Радовиш: Се заканувал на јавна обвинителка додека бил на работа
- СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против А. П. од Радовиш поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 од Кривичниот законик.
- П. судски полицаец од Основен суд Радовиш, кој бил на работно место, упатил закани кон јавна обвинителка.