Кривична пријава за полицаец од ПС Центар: Удил уапсено лице со лисици во Градскиот парк
- Пријавениот, кој бил вработен како помлад полицаец во Полициската станица Центар при СВР Скопје, на 24 мај 2026 година околу 02:53 часот, во Градски парк – Фонтана на булеварот „Илинден“, при вршење службени дејствија кон лице лишено од слобода, употребил физичка сила без основ.
- Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.