Копале во близина на изворите за вода и предизвикале прекин на водоснабдувањето во Струга: кривична за две физички и едно правно лице
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х. М. К. двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.
- Нелегалните ископи ги извршувале во непосредна близина на изворите за вода во струшкото село Шум од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење, со што придонеле за директно загадување и заматување на водата за пиење од над 30 пати повеќе од дозволеното.