Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
- Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
- Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
- Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Извори
-
Се бара притвор за 36-годишник, со месеци сексуално злоупотребувал 12-годишно девојче
Извор: 24info.mk
-
Вистински хорор: 36-годишник силувал 12-годишно девојче половина година
Извор: press24.mk
-
Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
Извор: nezavisen.mk
-
Се запознале преку социјални мрежи, 36-годишен битолчанец во тек од шест месеци силувал 12-годишно девојче
Извор: republika.mk
-
Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
Извор: kurir.mk
Повеќе статии
9 извори
6 извори
10 извори