Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот
- Вчера во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Спортски центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК МЗТ Скопје и КК ИБА од Скопје, С. Л. сторил прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
- Л. агресивно се однесувал и ги навредувал судиите, а откако делегатот на натпреварот дал налог на редарите да го отстранат, тој при излегување почнал агресивно да се однесува и кон делегатот, а во еден момент се обидел и физички да го нападне, но бил спречен од редарската служба.