Инцидент во Велес: Пијан маж приведен откако правел хаос во здравствена установа
- Вчера во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р. М. од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
- По преземени мерки било констатирано дека Р. М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта.