Изминатата недела над 70 лица приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
- Во текот на изминатата недела (27. полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги.
- При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, хашиш и марихуана, како и дробилки и други предмети поврзани со употреба и дистрибуција на дрога.