За време на отсуството од затворот Идризово ја истепал поранешната девојка: уапсен 26-годишник од Скопје
- Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р. С. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал.
- По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.