Драма во Чаир: Скопјанец осомничен дека го запалил возилото на мајка му и ѝ се заканувал за станот
- Скопјанец на возраст од 28 години вчера е лишен од слобода под сомнение дека го запалил возило во сопственост на неговата мајка и се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
- Осомничениот рано утрото на подрачјето на Чаир го опожарил автомобилот „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, по што на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ е уапсен и задржан во полициска станица, соопшти МВР.