DAY.MK

обновено 14:31, 19.06.2026

Доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци

пред 3 часа 4 извори
Доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци

Кратко

  • Царинската управа соопшти дека поднела кривична пријава против доктор и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари.
  • Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска филијала Скопје 1 при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци, а биле откриени 199 вијали со ботокс.
  • Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари.

Повеќе статии