Голема полициска акција на повеќе од 40 локации низ Македонија: Пронајдени дрога, оружје, пари, мачети
- Голема полициска акција се спроведува на повеќе од 40 локации низ Македонија, при што се пронајдени дрога, оружје, пари, мачети и други предмети за кои постојат сомневања дека потекнуваат од кривични дела, неофицијално дознава „Курир“.
- Неофицијално Курир дознава дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена.