DAY.MK

обновено 10:34, 05.11.2026

Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

пред 1 час • 4 извори
Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

Кратко

  • Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена.
  • Станува збор за група која, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела.
  • Во рамки на акцијата, покрај на повеќе локации поврзани со осомничените, под лупа на истражните органи се и нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности.

Повеќе статии