Во сообраќајна несреќа во струмичко загина 19 годишна девојка, сопатничка на мотоцикл
- Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода.
- во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с. Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С. Б. од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А. Д. Иловица.
- За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с. Турново, бил во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот.
Извори
-
ТРАГЕДИЈА: Загина 19 годишна девојка, сообраќајка меѓу пијан струмичанец со автомобил и мотоциклист без возачка
Извор: kurir.mk
-
Страшна трагедија ја потресе Македонија: Загина 19-годишна девојка, сопатничка на мотоцикл
Извор: press24.mk
-
Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан
Извор: makfax.com.mk
-
Во сообраќајна несреќа во струмичко загина 19 годишна девојка, сопатничка на мотоцикл
Извор: 24info.mk
-
Во сообраќајна несреќа во струмичко загина 19 годишна девојка, сопатничка на мотоцикл
Извор: republika.mk