Во Солун уапсен човек баран со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија
- Во рамки на секојдневните контроли и патроли на полицајците во Солун, со цел спречување и сузбивање на криминал, како и за расветлување на различни кривични дела, биле уапсени повеќе лица, меѓу кои и 43-годишниот, кој се барал од македонските власти.
- Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол издадена од нашата земја за извршено кривично дело тешка кражба, јави дописничката на МИА од Атина.