Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство
- во 01:50 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н. И. постапувајќи по претходна пријава дека на 21. околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.
- во 16:25 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И. С. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20. околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани.
- Вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Д. С. постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка.
Извори
-
Со тврди предмети и ножеви ги напаѓале сопругите, мајките и ќерките – уапсени седуммина насилници
Извор: press24.mk
-
Уапсени 7 лица од вкупно 9 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Извор: kurir.mk
-
Од девет пријави за семејно насилство, приведени седум лица во последното деноноќие
Извор: 24info.mk
-
Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство
Извор: novamakedonija.com.mk