Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство
- во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р. Д. од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга.
- во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ. Б. од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга.