Oбвинение за Стојанче Јовановски за кривично дело „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“
- Обвинетиот издејствувал сега починатата Ивана Јовановска во ноември 2022 година да му го отстапи со Договор за дар својот идеален дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со тоа што оштетената и детето требало да останат да живеат во станот.
- Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот упатил и сериозни закани кон оштетената дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.
- Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можноста да продолжи да врши насилнички кривични дела.
Извори
-
Oбвинение за Стојанче Јовановски за кривично дело „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“
Извор: republika.mk
-
Јовановски издејствувал Ивана да му го отстапи својот идеален дел од станот во кој живееле и потоа почнал психички и физички да ја малтретира
Извор: republika.mk
-
Пред четири години му го препишала станот, а потоа сурово ја малтретирал: поднесено е обвинение за сопругот на Ивана Јовановска
Извор: novamakedonija.com.mk