30-дневен притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката
- Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за физички напад врз неговата 26-годишна партнерка Сара Ѓ. Против него се води постапка за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
- Тој бил задржан во полициска станица по пријава од мајката на обвинетиот напаѓач, која тврдела дека таткото на девојката телефонски му упатувал закани на нејзиниот син и на целото семејство.
Извори
- Корабоски зад решетки 30 дена
Извор: press24.mk
- 30-дневен притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката
Извор: netpress.com.mk