27-годишник од Росоман осомничен за убиство на мајка си, поднесена кривична пријава
- ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И. Р. од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик.
- околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото – појаснија од СВР Велес.
- По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институт за судска медицина Скопје за обдукција.
Извори
-
Поднесена кривична пријава за убиство: 27-годишниот убиец пред обвинител, телото на неговата мајка предадено на обдукција
Извор: press24.mk
-
27-годишник од Росоман осомничен за убиство на мајка си, поднесена кривична пријава
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Детали за ужасот во Росоман: 27-годишен син ја убил својата мајка
Извор: kurir.mk