Чекор напред за македонскиот бизнис во Канада – Прв состанок на Комората
- Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската диспора, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско - македонската Стопанска комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.
- Комората има намера да ги зајакне деловните односи во рамки на македонската заедница во Канада, но и да отвори простор за трговија, инвестиции и соработка меѓу Канада и Македонија.