Цените на нафтата вртоглаво паѓаат по прекинот на огнот меѓу САД и Иран
- Цените на нафтата денес нагло паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи својата закана за напад врз цивилната инфраструктура на Иран за две недели.
- Суровата нафта Брент падна за повеќе од 12 проценти на околу 95 долари за барел, како и американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар (WTI), која падна нешто под 16 проценти, пренесе „Танјуг“.