ЦАРИНСКА УПРАВА: Грант од 2 милиони евра од ЕУ за паметни граници во Македонија и целосно автоматизирани гранични терминали
- Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската Унија во висина од два милиони евра.
- Автоматските ваги и рампи ќе бидат директно поврзани со системот за видео надзор и за препознавање на регистарски таблички, за што во тек е постапка за набавка на софтвер – интегратор, со што ќе се овозможи поефикасна контрола и забрзан проток на легалната трговија во согласност со ЕУ стандардите.