УЈП на работна средба со туристичкиот сектор во Охрид – „Фер туризам започнува со пријавен доход“
- Присутните беа информирани дека физичките лица кои вршат дејност од времен карактер имаат обврска да го пријават остварениот доход и да го платат данокот на личен доход.
- Во текот на средбата беше презентирана кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“, преку која се укажува дека сите граѓани кои остваруваат доход од издавање сместувачки капацитети имаат обврска истиот навремено да го пријават и да го платат утврдениот данок на личен доход.