УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации
- Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA.
- Во своето обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите.