УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
- Управата за јавни приходи соопшти дека интензивно работи на реализација на проектот е-Фактура и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно се тестираат сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура.
- За поддршка на компаниите во процесот на имплементирање на системот е-Фактура, исто така, назначени се и даночни агенти вработени во Управата и тие веќе контактираат со компаниите и даваат поддршка и совети за вклучување и понатамошно користење на системот е-Фактура.
- Во овој период на тестирање на системот до УЈП пристигнуваат информации дека одредени субјекти нудат обуки и консултантски услуги поврзани со проектот „е Фактура“.