ТРЕНЧЕВСКА СЕ ЖАЛИ НА БЕДНИ ПЛАТИ: Нема област во која има резултати откако ВМРО е на власт, а немаат слух за нашите предлози
- Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за економски успеси, секојдневието на граѓаните покажува дека животниот стандард опаѓа, а сиромаштијата се продлабочува.
- Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, се наведува во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.