Советот на Народната банка ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2025 година
- Советот на Народната банка, на редовната седница, ги усвои Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година , при што беше оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност.
- Според Извештајот за ризиците во банкарскиот систем, во 2025 година е остварен солиден раст на банкарските активности, со засилена кредитна поддршка на економијата и стабилна депозитна база.