Синдикатите треба да протестираат, тоа е традиција, смета Мицкоски
- Ова нивно протестирање денеска го класифицирам во групата традиционални првомајски протести кои, впрочем и синдикатите треба да ги прават.
- Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.