Ристов најави анализа на тарифните блокови: Нелогично е иста струја да се плаќа по различни цени
- Според него, можно е да се креира и нов модел што би бил поправичен, бидејќи актуелниот систем, како што посочи, создава ситуација иста електрична енергија да се плаќа по различни цени.
- Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов најави анализа на постојниот систем со четири тарифни блока за потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар, оценувајќи дека не е логично ист производ да се плаќа по различни цени.