Реакција на ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени
- АД ЕСМ во соопштението додава дека нивното работење, „кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година“.
- Од компанијата појаснуваат дека платата за вработените ќе биде исплатена во рамките на законскиот рок, а тековните административни усогласувања во системот настанале исклучиво поради едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци.