Охрид домаќин на регионална конференција за еврозоната и Западен Балкан
- Од 9 до 11 септември 2026 година , Охрид ќе биде домаќин на Ohrid 2026 Regional Conference , регионална конференција посветена на актуелните предизвици во еврозоната и нивното влијание врз фискалните политики на земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија.
- Целта на конференцијата е дискусијата за европските економски движења да се поврзе со конкретните потреби на земјите од Западен Балкан - од зајакнување на фискалната отпорност и одржливоста на јавните финансии, до создавање услови за долгорочен економски раст и поблиска регионална и европска интеграција.