Николоски: Преговорите за ЕЕС одат добро – има време до 30 септември, се решаваат визите за транспортерите
- Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.
- Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот – рече вицепремиерот Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на изградбата на првата делница од „Градскиот воз“.