Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот
- Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.
- Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото и да се стават работите на вистинските шини и да се движат, нагласи Николоски.