НИКОЛОСКИ: Буџетот е во одлична кондиција, Министерството за транспорт со 65% е рекордер во реализација на капиталните инвестиции
- Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 % реализација на капиталните инвестиции до сега, истакна во гостувањето на “Топ Тема” на ТВ Телма, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Во однос на капитални расходи, многу сум горд на тоа што Министерството за транспорт е апсолутен рекордер во работење, заклучно со 31. март, односно во првиот квартал оваа година, реализацијата на капитални расходи е 65 проценти, а на ниво на Влада е 32 отсто.