Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори
- Резултатите од анкетата покажуваат дека има подобрување кај задоволството на странските компании од инфраструктурата, но проблем остануваат процесите на доделување државна помош, односно 80 проценти од компаниите се соочиле со проблеми при добивањето државна помош, а само една третина сметаат дека критериумите се разбирливи.
- Анкетата „Business & Investment Indicator 2025“ покажува дека 89 проценти од странските инвеститори во земјава се соочиле со проблем да најдат соодветна квалификувани работници, а 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници, иако 90 проценти од компаниите ги зголемиле платите просечно за околу 10 проценти.